Од каде се „Исламска држава“ има борци?
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2016
Во последните две години во терористичката организација „Исламска држава" во Сирија и Ирак војувале вкупно 47 000 странци, според Мароканскиот центар за стратешки истражувања.
Податоците беа претставени на Форумот за борба против глобалниот тероризам, организиран од Кралскиот институт Elcano, кој се одржува во Мадрид.
Околу 6000 од нив се од земји од поранешниот Советски Сојуз, а само од Чеченија се 3000. Седум илјади се од земји од Европската унија, вклучувајќи 1700 Французи, 850 Белгијци, 700 Холанѓани, 650 Германци, 450 Шпанци и 170 Швеѓани.
Најчесто во Сирија и Ирак за учество во борбените дејства на страната на терористите патувале државјани на Тунис - 5500 лица. Под знамето на „Исламска држава" војувале 3200 поданици на Саудиска Арабија, 1630 - од Мароко, 1600 - од Јордан, 1200 - од Египет, 900 - од Алжир. Загинале 497 Мароканци, а други 274 се вратиле во земјата, а за останатите се смета дека уште се наоѓаат во реонот на конфликтот.
Во „Исламска држава" има претставници на 90 различни националности. Некои земји имаат само по неколку свои претставници - од Јапонија на пример војуваат 9 џихадисти.