29 Април, 2024
0.0274

ОД МНОГУ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА ДЕЦАТА МОЖЕ ДА ПОМОДРАТ И ИМААТ ПРЕКИН ВО ДИШЕЊЕТО: Што е фебрилен грч, совет до родителите што да прават

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Лекарката од Итната помош во Србија, Наташа Босиљчиќ изјави дека децата до четири години може да добијат фебрилни конвулзии, односно грч поради високата температура, што е состојба на детето која на родителите им изгледа многу драматично бидејќи детето помодрува и има прекини со дишењето на неколку секунди.

Тоа не се вистински епилептични напади, детето брзо се враќа, но треба да се повика брза помош, изјави Босиљчиќ.

Во последно време има родители чии деца наеднаш добиваат многу висока температура, а д-р Босиљчиќ ги советуваше сите родители доколку детето добие температура до 38,5, да не даваат лекови.

„До 38,5 родители можат да го изладат детето, сите топли делови од телото, само со обична вода, вклучувајќи ја и главата. Не мора да се користи алкохол“, истакна Босиљчиќ.

Според неа, температурата кај децата повисока од 38,5 треба да се намали со парацетамол или бруфен во доза по килограм што се означени на пакувањето.

Во однос на состојба на фебрилен грч поради многу висока температура, таа сепак потенцира дека оваа состојба и не е толку опасна како што изгледа, бидејќи не се работи за вистински епилептичен напад. Но, треба да се повика брза помош.

„Во овие ситуации детето брзо закрепнува, најчесто со штипкање за образите или тресење на детето. Родителите кои биле сведоци на фебрилни конвулзии знаат дека вистинскиот лек е диазепам ректиола“, вели д-р Босиљчиќ.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце