03 Мај, 2024
0.0279

ОД ПОНЕДЕЛНИК: Приватните специјализанти стапуваат во генерален штрајк

Објавено во: Македонија 11 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Приватните специјализанти најавија дека од понеделник стапуваат во генерален штрајк. 

Велат дека ниту едно од барањата кои ги истакнаа на последниот протест здравствените власти не ги исполниле.  Штрајкот ќе трае  до исполнување на нивните барања. 

„За жал бидејќи ги исцрпивме сите механизми со цел да апелираме за решавање на овие проблеми, во координација со приватните специјализанти кои што цврсто застанаа на ставот дека веќе не можат да работат за плата од 26.000 денари, навистина им треба егзистенција се одлучија на последниот законски механизам за остварување на своето право, а тоа е прекин на работниот процес, генерален штрајк што подразбира неизвршување на интервенции, операции, дијагностика и водење на дежурствата“, вели д-р Александра Георгиева од Здружение тона приватни специјализанти.

Од Министерството за здравство велат дека извештај е изготвен и дека на некоја од следните владини седници ќе се разгледуваат можните решенија, со оглед на тоа што било предизборен период. 

„Ставот на Министерството е позитивен, со цел да им се излезе во пресрет на приватните специјализанти. По средбата со нив, е изготвен извештај и доставен на Влада, кадешто на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања и можните решенија во овој предизборен период“, велат од министерството за здравство.

Приватните специјализанти пак велат дека освен ветувањата, не добиле никакви цврсти убедувања дека проблемите ќе бидат решени.

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите