04 Мај, 2024
0.0263

ОД ВЛАДАТА УШТЕ НЕМА РЕАКЦИЈА - опозицијата упорно бара одговор чие е комбето со фатената дрога

Објавено во: Македонија 11 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Од Владата вчера немаше реакција по прозивките од портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кој бараше одговори дали комбето во кое е фатена дрогата завчера е на фирма поврзана со Трајче Заев и Бобан Заев.

Тој вчера вечерта преку фејсбук го повтори барањето да се каже чие е комбето.

“Кратко и јасно ДА или НЕ? Не боли одговорот, ама значи десетина години затвор“, напиша Арсовски на Фејсбук.

Претходно тој рече дека според неофицијалните информации „во акцијата преводена од американската агенција за борба против дрогата, ДЕА, запленета е дрога во вредност од 800.000 евра, во бело комбе со грчки таблици, во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис „Медикал 420“. Пратечките возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на Премиерот Заев) и Кире „Чипсио“ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на Полициската станица – Прилеп“.

Премиерот Зоран Заев вчера немаше напишано ништо на оваа тема на својот фејсбук профил.

Последната објава е препораката до граѓаните да носат маски и да седат дома како заштита од пандемијата со ковид 19.

Од Владата, пак, за 360 Степени изјавиле дека „Владата очекува брза и темелна истрага од надлежните инситуции, одговор на прашањата кои се од интерес на јавноста и неселективно постапување без разлика за кого станува збор. Доколку некој постапил незаконски мора да се соочи со одговорност. Во врска со сопственост на возила на приватни субјекти ве упатуваме за тоа да прашате во компаниите кои се предмет на интерес“, одговориле од Владата за тој портал.

Од МВР вчера потврдија дека се уапсени шест слица за овој случај, меѓу кои и А.У. од Скопје. Овие иницијали се совпаѓаат со оние на кои повикува ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава