26 Април, 2024
0.0277

Одделот за англиски студии при Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, учествуваше на конференцијата на ЕЛТАМ во Скопје

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Дизајнот на наставни материјали за соочување со современото ропство е темата што ја презентираа г-ѓа Маргарита Косиор и г-ѓа Депоина Сарантиду од Одделот за англиски студии при Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ на Конференцијата која беше организирана од страна ЕЛТАМ, и се одржа на 30 септември 2017 година, на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Од 1998 година, ЕЛТАМ е Национално здружение на наставници по англиски јазик на Република Македонија и делува како придружен член на IATEFL UK и TESOL USA. Ова е втора соработка меѓу Меѓународниот факултет и ЕЛТАМ, со цел да се донесат позитивни промени во професионалната област и да се воспостави мост за соработка помеѓу двете организации и нивните засегнати страни.

Целта на презентацијата беше да се поттикнат едукаторите да создаваат наставни материјали и да се мотивираат дека преку сопственото истражување и сопствената работа, навистина можат да го променат светот. Г-ѓа Косиор и г-ѓа Сарантидоу претставија проект кој беше направен во соработка со Проектот БРОЈ, дел од Единицата за евалуација и дизајн на наставни материјали на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ во Солун, Грција. Проектот БРОЈ е наградувана, глобална кампања против ропството, која има за цел да ја подигне младинската свест на темата трговија со луѓе и криминалот на модерното ропство.

Иако многу наставници во земјава изработуваат свои материјали за да ги користат на своите предавања, тие имаат малку или немаат формална обука за начинот на пишување. По повод еднодневната конференција, ЕЛТАМ се здружи со MaWSIG и донесе искусни предавачи во Скопје кои одржаа обука за изработка на различен тип наставни материјали. Овој настан им даде на учесниците можност да научат повеќе за изработката на сопствени наставни материјали и да дознаат што е потребно за да ги објават истите.

Универзитетот Шефилд е рангиран на 82-ро место во светот и на 26-то место во Европа, според QS ранг листата за 2017/ 2018 година, и со тоа припаѓа на 1% од најдобрите универзитети во светот. Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, е еден од шесте факултети во рамките на Универзитетот Шефилд и единствениот кој работи во странство. Спојувањето на Велика Британија со Југоисточна и Источна Европа, преку Меѓународниот факултет, им нуди на студентите единствена можност да студираат за врвна британска диплома од Универзитетот Шефилд во нивниот регион. Со својот главен кампус лоциран во Солун, Грција, Меѓународниот факултет се состои од четири академски оддели, Одделот за бизнис администрација и економија, Одделот за психологија, Одделот за компјутерски науки и Одделот за англиски студии, и нуди широк спектар на додипломски и постдипломски програми на англиски јазик.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“