09 Мај, 2024
0.0350

Одложено враќањето на Кинезите кои работат на патот Кичево-Охрид

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Кинеските работници кои работат на автопатот Кичево - Охрид и на другите проекти на „Синохидро“ ќе допатуваат подоцна во Македонија, односно за нив е пролонгирана зимската пауза. Оваа кинеска компанија, според договорите, ангажира кинески, но и наши работници.

Ова го објави министерот за здравство Венко Филипче по утринската средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо по разговорите за состојбата со коронавирусот во Кина и мерките за претпазливост кои се преземаат.

„На средбата, кинескиот амбасадор Ѕуо ме информираше дека работниците кои работат во кинеската компанија „Синохидро“, а се вработени од Република Кина и кои редовно транзитираат на релација Кина-Северна Македонија имаат препорака да се вратат покасно, а непосредно пред враќањето 14 дена ќе бидат во карантин, по што со најава ќе бидат вратени назад. Со ова, дополнително се активираат мерките на претпазливост од можност за коронавирус во нашата држава“, објави Филипче.

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) вчера апелираше да се преземат соодветни превентивни мерки за да се спречи евентуална појава на коронавирусот согласно препораките на Светската здравствена организација, со оглед на тоа што има постојано има заминување и доаѓање на кинеските работници од кинеската компанија „Синохидро“ во државава. Од Синдикатот повикуваат да не се лимитира престојот на работниците за работа.

- Како единствен репрезентативен Синдикат на вработените од секторот градежништво и индустрија за градежни материјали сме загрижени за вработените и граѓаните и очекуваме повратна информација за преземените мерки, со цел избегнување на непланирани одложувања и прекини на градежните активности кои се во тек – соопштија од таму.

Можеби ќе ве интересира

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА