Добивај вести на Viber
Швајцарската влада ја одобри соработката на првата група банки со американските власти, во рамки ан договорот за борба против затајувањето данок. Владата на вчерашниот состанок им овозможи соработка на банките и Вашингтон, одбивајќи да ги обелодени бројот и имињата на банките вклучени во договорот, пренесува агенцијата АП.
Со договорот им се дозволува на швајцарските банки да одговорат на прашања на САД за сметките на Американците. Банките кои сакаат да учествуваат во рамзена на информациите треба да побараат индивидуална дозвола од владата.