04 Мај, 2024
0.0249

Одржана традиционалната Конференција за професионална ориентација на Ротари клубот Скопје- Камен мост, овој пат виртуелно

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

На 9 мај, виртуелно преку платформата ZOOM, како последица на пандемијата на Covid 19 вирусот, традиционално по 8ми пат, се одржа конференцијата за професионална ориентација на млади, оваа година под мотото "Мојата иднина, моја одлука”. Настанот беше во организација на Ротари клубот Скопје Камен Мост, во соработка со Меѓународното училиште НОВА, и имаше за цел да даде поддршка на младите и талентирани луѓе во остварување на нивниот целосен потенцијал, како и да помогне во изборот на нивна идна професионална кариера.


За времетраење на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост го споделија сопственото искуство од својата професија, а истото го сторија и неколку еминентни гости говорници, Никица Мојсоска, извршен директор на Македонија 2025, Александар Поповски, режисер, и Невенка Димитрова, професор на New York Medical College, со средношколците од цела Македонија. Овој традиционален настан, во изминативе осум години го имаат посетено повеќе од 900 средношколци од 25 средни училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценето како успешен и извонредно корисен при носењето на одлука во која насока да го продолжат своето образование.

Членовите на Ротари Клубот Скопје – Камен Мост Скопје, како дел од Ротари движењето во Македонија, волонтираат со своето време, енергија и ресурси, со цел да помогнат на тие на кои помошта им е најпотребна. Активностите на клубот се насочени кон најмладите членови на нашата заедница, со посебен фокус на образовниот систем.

Пленарна сесија: https://youtu.be/sM1QHM4tOWc

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија