Охрид постави нова плоча, по вандализацијата на споменикот за загинатите бугарски туристи
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2020
Службите на ЈП „Градски гробишта“ по налог на Општина Огрид поставија нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“, кој е подигнат во чест на загинувањето на бугарските туристи во бродската несреќа, откако истата беше вандализирана од непознат сторител.
Споменикот „Солза на Роза“ беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.
Бугарски туристи настрадаа на 5 септември 2009 година.