26 Април, 2024
0.0283

Охридска банка Сосиете Женерал добитник на признание за oпштествена одговорност во категоријата “Односи на пазарот”

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата при Министерството за економија ги додели признанијата и наградите за компаниите кои во изминатата година, промовирале општествено одговорни практики во нивното делување. И оваа година, вложувањата во иновативни и едиствени понуди за македонските граѓани и пазарот во целина, на Охридска банка Сосиете Женерал, и´ донесоа Признание за успешно спроведена општествено одговорна практика во категоријата “Односи на пазарот”. 

Наградени се производите “Осигурување на трансакциска сметка и Осигурување на депозит” кои како концепт нудат итна поткрепа и можност за повеќе полиси. Финансиските бенефиции од осигуран настан подразбираат итен еднократен надомест од 500 евра од осигурување и вкупен износ во максимален лимит до 2.500 евра по полиса за осигурувањето на трансакциска сметка и до 5.500 еур по полиса за осигурувањето на депозит, согласно условите на осигурувањето. Клиентот може да аплицира за максимум три полиси, и оттука максималниот осигуран износ тројно би се зголемил. 


“Ни претставува чест и задоволство, што покрај признанијата од страна на клиентите, и институциите во земјата ги препознаваат заложбите на нашата банка во развојот на производи и услуги кои во целост ги задоволуваат барањата и потребите, дури и на најспецифичните категории на клиенти. Ова е потврда за нашата посветеност кон клиентите и уверени сме дека создадовме портфолио со кое во случај на немил настан клиентите добиваат дополнителна сигурност и финансиска поткрепа на семејството”, изјави Елена Глигоровска, Раководител на Дирекцијата за корисничко искуство, маркетинг и комуникации. 

Целта на овие признанија е да се промовираат најдобрите практики на општествено одговорно делување и истите да бидат инспирација и пример за воведување и понатамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Република Македонија. Категоријата “Односи на пазарот”, во која е наградена Охридска банка Сосиете Женерал ги зема предвид правата, интересите и потребите на потрошувачите и клиентите и промовира практики кои се во согласност со меѓународните стандарди за квалитет. Ова е втора награда која Охридска банка Сосиете Женерал ја добива од Националното координативно тело при Министерството за економија на Република Македонија за своето опшетствено одговорно работење. Во 2015 година, Охридска банка Сосиете Женерал ја освои наградата за општествено одговорност во категоријата Односи на пазарот за производот “Осигурување на кредитни и дебитни картички”. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“