26 Април, 2024
0.0429

Охридска банка врши замена на сите платежни картички со ново лого

Објавено во: Мои пари 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Охридска банка АД Скопје врши интензивна замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Во овој процес кој ќе трае до 30 Септември 2020 година, Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови картички, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе. 

На клиентите им се испраќаат известувања преку повеќе различни канали за комуникација, како писмо на домашна адреса, смс порака или вибер порака, електронска порака на меил и сл., дека можат да ја подигнат својата нова дебитна, или кредитна картичка во својата матична експозитура. Со подигнувањето на новата дебитна или кредитна картичка, клиентите во Банката ја враќаат старата картичка која ќе биде веднаш деактивирана. 

Новите картички се подготвени за употреба веднаш, односно без дополнителни барања за активација на картичката што на корисниците ќе им овозможи непречен пристап до своите средства за подигнување готовина и домашни и меѓународни електронски плаќања. Клиентите на Охридска банка кои имаат дебитни картички може да подигнуваат готовина без провизија на повеќе од 120 банкомати на Охридска банка и на Шпаркасе Банка Македонија, двете како дел од Штаермеркише Шпаркасе групацијата.

Сите нови дебитни и кредитни картички издадени од Охридска банка освен ново лого, се одликуваат и со можност за бесконтактни плаќања во трговија за износи до 2.000 денари. 

Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти независно од периодот на важност на нивната стара картичка, по добиеното известување од страна на Банката во најбрз временски период, најдоцна до 30 Септември 2020, да ги подигнат своите нови платежни картички. Доколку клиентите не ги подигнат картичките, Банката ќе го ограничи правото на користење на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури. 

За повеќе информации клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка на телефонскиот број 02 15 050, или во мрежата на експозитури на Банката. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“