ОН со 5% поголем буџет
Објавено во: Свет 25 Декември, 2012
Генералното собрание на Обединетите нации одобри зголемување за околу пет проценти на буџетот на операциите на светската организација за периодот 2012-2013 година, но гласаше за клучниот предлог за проширување на мобилноста на персоналот на ОН.
Генералното собрание со 193 гласа едногласно го одобри зголемувањето на буџетот за 243 милиони евра, со што вкупниот буџет ќе достигне 5,4 милијарди евра. Половина од сумата што се зголемува ќе биде наменета за дополнителни трошоци за некои од 33-те политички мисии на Обединетите нации.