OПАСНО ЗА ЛУЃЕТО: Балкански град најзагаден во Европа
Објавено во: Балкан 08 Декември, 2017
Светскиот тим за контрола на воздухот го прогласи Сараево за најзагаден град во Европа.
Ако дозволениот индекс на загаденост е 50, во овој град е измерено од 341 до 369.
Во вакви услови престојот на отворено е опасен за луѓето.
Алармантно ниво на загаденост е забележано и во другите градови во Босна и Херцеговина.
Високо загадени се Тузла, Зеница и Славонски брод.