02 Мај, 2024
0.0418

Опозицијата го закочи стапувањето на функција на сестрата на Катица Јанева

Објавено во: Економија 22 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Собранието вчера не ја изгласа за заменик-претседателка на Комисијата за Хартии од вредност Лиле Делиџакова, инаку сестра на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, затоа што немаше доволен број пратеници за гласање. 

Но пред наредното гласање, Собранието ќе треба да ги разгледа обвинувањата од опозицијата која што вчера освен што тврдеше дека Делиџакова не е стручна и компетентна во областа, обвини дека таа има проблем со документите кои што таа ги доставила при апликација за работа. Според дел од пратениците Делиџакова воопшто не аплицирала на отворен јавен конкурс кој завршил на 16 февруари 2018 година. 

Димитар Стевананџија рече дека е сомнително што за ваква позиција во регулаторно тело, каде мандатот е минимум пет години и плата од најмалку 1.500 евра, а во февруари се пријавиле само седум кандидати, владата одговорила дека Делиџакова е дипломиран економист со 20-годишно искуство во работењето на финансиите, банкарството и општо економско менаџерство. 

„Некои од вас и тоа не го знаеле. Денеска во 13.35 часот на вашиот мејл ги видовте заматените, замаглените биографии, рече Стеванаџија алудирајќи дека во документите доставени од Делиџакова се вршени промени од кои не може да се видат точно сите датуми и податоци. Кога повторно ќе се гласа за Делиџакова засега нема информација. 

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?