01 Мај, 2024
0.1642

ОРМ: Уредбите од новите економски мерки да бидат усогласени со бизнисот

Објавено во: Економија, Мои пари 20 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Најавениот трет пакет економски мерки за ублажување на штетите од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата се очекува да има позитивно влијание врз стопанството. Ова е првичната оценка на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) врз основа на досега објавени информации од страна на Владата во врска со новиот пакет мерки.

„Конечниот став ќе може да го кажеме откако најавените мерки ќе бидат преточени во Уредби со законска сила, затоа што во уредбите понекогаш се предвидуваат некои критериуми кои преставуваат пречка за користење на мерките, па така и добри идеи на Владата добиваат лоша реализација. Затоа е неопходно пред нивното конечно објавување Владата да се консултира со бизнис заедницата и да се разгледаат од страна на националниот економско-социјален совет“, изјави претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Според ОРМ, мерките од третиот пакет кои директно се насочени кон стопанството би требало да придонесат што повеќе компании погодени од кризата да ја одржат својата економска активност и да го рестартираат бизнисот, со што би избегнале стечај, ликвидација и отпуштање на сите свои вработени.

„Со најавените нови 31 милион евра кои во форма на безкаматни кредити би се пласирале преку Развојната банка на Северна Македонија би овозможиле поддршка и за оние фирми кои поради недостаток на средства не успеаја да добијат помош во рамки на првиот и вториот пакет економски мерки. Конечно се планира и државна гаранција за комерцијални кредити за поддршка на старт-ап, микро и мали компании - мерка која години наназад ја бараме, а планирани се и дополнителни 25 милиони евра како поддршка на компаниите за модернизација, зголемување на нивната конкурентност и освојување нови пазари. Ова се мерки кои сметаме дека се неопходни за заживување на стопанството после кризата“, вели Димитров.

Организацијата на работодавачи на Македонија оценува и дека предвидената финансиска поддршка за граѓаните и социјално ранливите групи преку платежни картички и ваучери ќе има позитивно влијание на домашната потрошувачка и на зголемувањето на продажбата на домашни производи и услуги.

„Неопходно е при конечното дефинирање на овие мерки да се внимава тие да се однесуваат за купување на домашни производи или услуги, а не на увозни, затоа што доколку државата го стимулира купувањето на увозни производи ќе го зголеми трговскиот дефицит, ќе го наруши платниот биланс на земјата и ќе се намали очекуваниот позитивен ефект врз домашната економија“, смета претседателот на ОРМ.

ОРМ е единствен репрезентативен член на работодавачите во националниот економско-социјален совет, каде уште од почетокот на актуелната криза поднесува предлози за полесно надминување на последиците врз домашната економија. Истовремено, ОРМ редовно на својата интернет-страница www.orm.org.mk ги објавува сите информации, мерки и уредби на надлежните институции, а нуди и дополнителна асистенција и насоки за сите компании за тоа како да се користат мерките, со цел полесно и со помали последици да се надмине оваа криза.

Активностите на Организацијата на работодавачи на Македонија се поддржани од Проектот„Зајакнување на социјалниот дијалог“, што е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?