Османи: Во и од Тетово само со приватен автомобил
Објавено во: Македонија 19 Април, 2020
Бујар Османи, вицепремиерот за евроинтеграии, по синоќешните нови мерки донесени на владина седница појаснува дека забраната за превоз во и надвор од полошкиот регион важи само за организираниот транспорт, а не и за приватните патнички возила.
„Појаснување: Тетово не влегува во карантин, ниту пак влезовите и излезите за приватни возила се затворени. На барање на штабовите на некои општини од Полог, владата го запре организираниот превоз на патници со автобус и комбе од и кон Тетово“, напиша Османи.
Владата одлучи дека од вторник се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини, додека исклучок од оваа забрана е организираниот превоз што го вршат економските оператори за своите вработени лица до работните места, како и организираниот превоз на вработените лица во МВР и Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, како и вработените во територијалните противпожарни единици.