08 Мај, 2024
0.0240

Османи: Знам дека два километри автопат звучи смешно

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска на потпишувањето на договорот со операторот „Гранит“ за изградба на првите два километри од автопатот од граничниот премин Блаце до главниот град рече дека од Скопје до Приштина наскоро ќе се патува за помалку од еден час.

- Од Скопје и Приштина ќе се патува за помалку од еден час, ќе ја олесни комуникацијата и трговијата. Проектот започна на 20 март 2018, се направија големи напори, обезбедување финансии и други фази на дефинирање на траса, идеен проект, општ проект, објавување на тендери. Секретаријатот за европски праша аплицираше за средства до Фондот за Западен Балкан, рече координаторот на проектот.

Османи рече дека во јавноста звучи смешно тоа што се работи за само два километри, но конфигурацијата на теренот била специфична и затоа морало да бидат вложени големи напори.

- Знам дека може да ви звучи смешно 2 километри, но претходно немаше никакви подготовки. Дел од буџетот ќе ги покрие првите два километри од граничниот влез до селото Блаце.  Инаку за целиот автопат се добиени 27 милиони евра неповратни средства.  Многу институции беа вклучени заради спецификата на теренот и напорно работеа, за што многу сум благодарен, наведе вицепремиерот.

Министерот за транспорт и врски рече дека грешките и претходното искуство со автопатот Кичево - Охрид ги натерале институциите да работат внимателно и да не брзаат, иако се работи са кратка делница.

Дванаесетте километри од автопатот, со кои ќе биде комплетиран Коридор 10, треба да бидат завршени за време на летниот период во 2021, беше кажано на прес-конференцијата.

Изградбата ќе започне на пролет, а до тогаш треба да бидат извршени 68 експропријации на парцели во сопственост на жителите на Блаце.



Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување