26 Април, 2024
0.0315

#ОстаниДома и управувај со бизнисот преку интернет

Објавено во: Мои пари 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Кога условите за работа драстично се менуваат, тогаш бизнисите се соочуваат со големи предизвици,,бидејќи од нив се бара брзо да се приспособат на новата ситуација. Во период кога социјалните активности се сведени на минимум, потребно е претприемачите до максимум да ги искористат дигиталните придобивки на времето во кое живееме.

За само неколку недели, глобалната пандемија од Covid-19 направи бизнисите ширум светот да се префрлат во „посебен режим“. Ако овој период на социјална изолација нè научи нешто, тоа е дека секогаш мора да имаме алтернативен начин за извршување на работата. Со напредокот на дигитализацијата сите контакти, сите соработници, па и целиот свет, ни се достапни преку екраните на смартфоните и компјутерите, а сè што ни е потребно е само стабилна интернет врска. Затоа, време е да го префрлите вашиот бизнис онлајн.

Интернетот е најважниот бизнис партнер

Промената започнува од назначувањето на интернетот како главен бизнис партнер за време на пандемијата. Сите деловни состаноци и работни посети можете да ги претворите во Zoom видео-повици и мејлови, а ваквиот начин на работа, иако е привремена алтернатива, може да прерасне во трајно решение кое масовно ќе се применува во иднина.

Дозволете дигиталните алатки да ви помогнат во работата: потпишувајте документи од дома со дигиталните сертификати на Македонски Телеком

Време е да го направите првиот чекор и да станете дел од дигиталната револуција. Бидејќи инструкциите се сите да останеме дома за да останеме безбедни, искористете го тоа и целосно дигитализирајте го работниот процес. Големите компании веќе нудат поволности за полесно дигитализирање на бизнисите: Македонски Телеком им овозможи на деловните корисници поднесување барања и договори за Телеком услуги прекупорталот за електронско потпишување на корисничките документи. Корисникот, единствено треба да поседува дигитален сертификат за електронски потпис. Така, документите ќе останат безбедни, доверливи и автентични, без притоа да имате потреба да го напуштите домот.

Покажете им на клиентите и на вработените дека се грижите за нив

Одржувањето на успешен бизнис е подеднакво важно колку одржувањето на добра репутација кај клиентите и вработените. Затоа, претстојниот период избегнувајте непотребни состаноци и работете дигитално. Дали ќе одлучите да воведете некој нов начин на бесконтактно плаќање или пак, ќе понудите некое иновативно решение, крајната цел е да се зачува колективното здравје и да се намали ризикот од ширење на вирусот. Во овие моменти е исклучително важно да се пренесе пораката дека секој кој #СедиДома лично придонесува кон заедничката цел, а вашиот бизнис како учесник во општеството има задача да постави пример за останатите. 

Можеби ќе ве интересира

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста