10 Мај, 2024
0.0243

Остануваат уште само 5 милиони достапни биткоини - Како до нив?

Објавено во: Економија 29 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Според компјутерските равенки кои ги постави анонимниот креатор на криптовалутата биткоин вкупно може да постојат само 21 милион биткоини, а веќе се ископани 16 милиони кои се во оптег, односно имаат сопственик или се дел од берзите за тргување. 

Тоа значи дека во наредниот период ќе може да се дојде до само 5 милиони преостанати биткоини кои ќе се ископаат преку сложените компјутерски задачи за откривање на блоковите од блокчејн технологијата при што се ангажира огромна процесорска моќ, како од индивидуалци така и од големи компании кои отворија фарми за копање биткони, па се до хакери кои преку штетен софтвер заразуваат компјутерски мрежи и персонални компјутери за крадење на нивната процесорска моќ.

Тоа што биткоинот го прави дефинитивна валута која има свое ограничување, нема да придонесе таа да престане да се вреднува на попрецизен начин, бидејќи еден биткоин теоретски може да се подели на сто милиони делови кои би биле како делови од било која валута со минимална основна вредност. Тие се делчиња од криптовалутата се наречени „сатоши“ според креаторот на биткоинот Сатоши Накатомо. 

Така ако 1 биткоин вреден 1000 долари се подели на 1000 сатоши, 1 сатош би вреден 1 долар што ќе ја направи оваа виртуелна валута многу поефикасна во трговијата на интернет, реалната економија и размената на добра и услуги.

На граѓаните и инвестоторите на располагање им се токму фармите за копање биткоини кои претходно ги спомнавме каде со плаќање на одреден месечен надоместок може да закупите моќни компјутерски машини кои ќе работат за вас и ќе ви овозможат да добиете биткоини на вашиот паричник. 

Сепак, треба многу да се внимава бидејќи биткоинот е на работ на пропаст во 2018 година доколку се покаже дека пазарот често панично реагира на најавите за поголема владина контрола како и на попречувања и блокирања на берзите низ светот каде се тргува со криптовалутите, па ќе се види каква е „жилавоста“ на биткоинот на поголеми потреси, но и на трпеливоста на инвеститорите се додека не се активира во реалната економија при што ќе се види дали навистина има вредност или е голема измислица.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?