ОСТАВИЈА КРВАВИ РАЦЕ ПРЕД СУДОТ: Протестите ќе продолжат од понеделник

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2025
Граѓаните денеска повторно излегоа на протест, барајќи правда за трагично загинатата Фросина. Демонстрантите маршираа од Универзална сала, преку Собранието и Обвинителството, сè до Кривичниот суд, каде што со „крвави раце“ оставија белег пред зградата.
„Сакаме правда, сакаме правда. Бараме одговорност, бараме одговорност!“, извикуваа насобраните, додека одекнуваа повиците за казна за возачот.
Во меѓувреме, граѓански собир се одржа и во Неготино, каде што семејството и поддржувачите на Фросина побараа правда.
„Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата“, изјави Тодор Кулаков, татко на Фросина.
Возачот, кој ја предизвика несреќата, бил под дејство на алкохол, возел со 130 километри на час, без возачка дозвола, а во неговото досие стојат и претходни сообраќајни прекршоци, како и судење за поседување и продажба на наркотици, односно мархуана и кокаин.
Демонстрантите порачаа дека нема да запрат сè додека не се донесе праведна пресуда.
Можеби ќе ве интересира
Јанев: Се додека не ги почитуваме сообраќајните правила без разлика дали има патроли или не изложени сме на опасност

„КАКО ДОЈДЕ ДО СКАНДАЛОЗНИТЕ УСЛОВИ - САМО 1 ПРОЦЕНТ ОД ПРОФИТОТ ДА БИДЕ ЗА ДРЖАВАТА“: СДСМ го бара на увид договорот за паркингот на Клиника

„ЗДРАВСТВОТО ДОЛГО ВРЕМЕ БЕШЕ ОСАКАТЕНО“: Вреди со пофалби до нивниот министер, најавуваат нови инвестиции во секторот

„РЕЖИМОТ Е СЕРВИРАН, ДЕКОРИРАН СО ПАПАЈА И МАНГО“: Макрадули со остра критика го окарактеризира 'новото нормално' како 'старо Грујово'

„СЕКОЈ ШТО ЗГРЕШИЛ ПРЕД ЗАКОНОТ, ТРЕБА ДА ОДГОВАРА“: Беџити од ДУИ зборува за поранешниот сопартиец, но и за следните избори

„Штета има на физичкото здравје заради недвижење, но особена штета врз менталното здравје“ - безбедноста на младите на интернет

„ПРОЦЕНКИТЕ НА ПЕНДАРОВСКИ ТРЕБА ДА СЕ ЗЕМААТ СО ГОЛЕМА РЕЗЕВА, НЕМААТ ДОСЛЕДНОСТ“: Милошоски со контра реплика кон поранешниот претседател
„АРОГАНТНО ДЕЛИ 'УМ' НА СВЕТСКИ ЛИДЕРИ, А САМ СЕБЕ НЕ СЕ ГЛЕДА“: Николоски му реплицираше на Пендаровски - 'не ја руши позицијата на Македонија'
„НЕ СТЕ ЛИ СВЕСНИ ДЕКА СО ОВА БУКВАЛНО СЕ УБИВАМЕ“: Михаилов бара повисоки казни за 'намерно подметнат пожар'
