ОСУДЕНИОТ ВОЕН ЗЛОСТОРНИК МОМЧИЛО КРАЈИШНИК ХОСПИТАЛИЗИРАН: Позитивен на ковид со тешка форма на болеста
Објавено во: Балкан 30 Август, 2020
Првиот
претседател на Народното собрание на Република Српска и осуден воен злосторник,
Момчило Крајишник во тешка состојба е хоспитализиран во Универзитетскиот
клинички центар во Бањалука.
Здравствените власти потврдија дека е позитивен на корона вирусот, дека има пневмонија и дека двете белодробни крила му се зафатени, но според наводите на локалните медиуми, тој засега е стабилна состојба.
Инаку, Момчило Крајишник на јавноста во екс-југословенските републики и е познат по неговото активно учество во војната во Босна. Во септември 2006. година тој е осуден од страна на Хашкиот трибунал за воени злосторства на 20 години затвор заради егзодус, убиства, прогони врз основа на политичка, верска и расна основа, депортации, нечовечко постапување, како и за злосторства против човештвото.
На слобода е од 2013, откако отслужи две третини од казната.