08 Мај, 2024
0.0248

ОТВОРЕН БАЛКАН: И косовските Србите со српска лична карта можат да работат во Македонија и Албанија

Објавено во: Балкан 09 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Косово со српска лична карта можат да добијат ИД број и да работат во Северна Македонија и Албанија.

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ објасни дека „сите граѓани на Косово, како составен дел на Србија, без разлика на националноста, доколку имаат српска лична карта, можат да ги користат поволностите од договорот во рамките на Отврен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

„Косово и Метохија е составен дел на Србија и сите граѓани на тој дел од земјата, без разлика на националноста, се државјани на Србија и можат да ги искористат сите предности од договорот што Србија го потпиша со Северна Македонија и Албанија“, истакна Весиќ за Косово онлајн. 

Тој објасни дека секој што има српска лична карта може да добие Идентификационен број и да работи во Северна Македонија и Албанија без никакви дополнителни документи.

„Секој граѓанин на Србија, кој живее на Косово, со српска лична карта, може да ги искористи сите предности на нашата регионална интеграција. Ова важи и за Албин Курти. Доволно е, ако нема, да извади личната карта, а еден ден, кога не ќе е премиер, ќе може да работи во Тирана, без никакви пречки“, нагласи Весиќ.

Вели дека суштината на „Отворениот Балкан“ е да се отстранат сите пречки за да се воспостави слободен проток на луѓе, стоки и капитал и забележа дека тоа е токму спротивното од она што го прави владата во Приштина на чело со Албин Курти.

Фото: biografija.org

Можеби ќе ве интересира

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

КАКО ДА КУПИТЕ СТАН ВО ЕДЕН ОД НАЈЛУКСУЗНИТЕ ХОТЕЛИ ВО ЗЛАТИБОР: Со пристап до базен, ресторан, спа центар и теретана

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

ВО ОВОЈ ЈАДРАНСКИ ГРАД, СЕ Е РЕЗЕРВИРАНО УШТЕ ПРЕД 6 МЕСЕЦИ: Се бара кревет повеќе

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

БИЛ ВО ЗАТВОРОТ ВО НИШ: Зошто Курти не сакал да си замине?

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

(ВИДЕО) АЈКУЛИ ВО ПЛИТКОТО: Снимени се во две грчки летувалишта

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

Франција побара Советот на Европа да ја одложи одлуката за членство на Косово

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

АГОНИЈА НА СРПСКИ ТУРИСТИ НА ВРАЌАЊЕ ОД ГРЦИЈА Водичот им ги одзел пасошите, намерно оставил девојка на граница, па им се заканувал

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

„ПОТВРДА НА НАЈВИСОКИТЕ ОДНОСИ“ - еве ги трите главни причини зошто Си Џинпинг доаѓа во Белград

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена

ТИТОВИОТ ГИГАНТ ПОВТОРНО ПРОДАВА ИМОТ: Покрај зградата се продава и канцелариски мебел и сето тоа по багателна цена