05 Мај, 2024
0.1940

Отворен ден во Цементарница УСЈЕ под мотото „Одржливост, партнерство, развој“

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Следејќи ја својата стратешка определба за општествена одговорност и транспарентност, Цементарница УСЈЕ и оваа година организраше Отворен ден, под мотото Oдржливост, партнерство, развој“. Годинешниот отворен ден се реализираше во соработка со граѓанските организации „ЕКО Свест“ и „Нов Импулс“, со учество на ученици од основните училишта  „Кузман Јосифовски-Питу“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Круме Кепески“ и „Гоце Делчев“ од општините Кисела Вода и Аеродром, како и децата од општинските градинки. Во фокусот на настанот беа образованието, едукацијата и соработката со најмладите членови на заедницата, кои покрај запознавањето со производствениот процес на Цементарница УСЈЕ, учествуваа на едукативните интерактивни работилници - „Играв јас, сега играј и ти“, „Секој има право да се храни здраво“, „Безбедност во сообраќајот“ и „Младите и животната средина “.

„Правилната информираност, желбата за зачувување на животната средина и создавањето култура на активно учество  заради зголемување на благосостојбата на заедницата се едни од најважните теми во општеството. Тие имаат големо значење за достигнување на целите на одржливиот развој од што зависи идината и затоа е многу значајно за овие прашања да се зборува  уште од најрана возраст. Преку овие активности, Цементарница УСЈЕ ги продолжува своите заложби да биде активен член на општеството, развивајќи блиски односи со заедницата“, изјави главниот извршен директор на Цементарница УСЈЕ,  Борис Хрисафов.

 Цементарница УСЈЕ  преку реализацијата на долгорочниот проект „Партнерство со училиштата“, што се спроведува во соработка со општините и наставниците, континуирано работи на подобрување на условите во кои учат и се развиваат новите генерации. Целта на овој проект,  што Цементарница УСЈЕ го започна пред девет години, е подобрување на условите во училиштата, заради заштита на безбедноста и здравјето на учениците и заштеда на енергија. Со досегашните активности беа опфатени осум основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби и две градинки лоцирани во четири различни објекти на територијата на општината Кисела Вода, во кои претстојуваат вкупно 6650 деца и 671 вработени.

Магдалена Славејкова менаџер за човечки ресурси додаде дека резултатите постигнати досега со овој проект се дополнителен мотив за компанијата  да продолжи со овој преокт и во иднина, истовремено поттикнувајќи ги другите компании да се приклучат кон овие заложби во насока на унапредувањето на квалитетот на живот во нашето општество.

Присутните на годинешниот Отворен ден на Цементарница УСЈЕ имаа прилика да им помогнат на учениците од ранливи категории од ОУ „Илинден“ и ОУ „Златен Сремац“, преку донирање школски прибор, за што беше поставен и специјален хуманитарен штанд на кој волонтираа ученици од средните скопски училишта.

Инаку, покрај традиционалниот Отворен ден, Цементарница УСЈЕ организира и редовни посети на компанијата. Имено, секој кој сака подетално да се запознае со производствениот процес и работата на Цементарница УСЈЕ, може да ја посети фабриката, секој последен четврток од месецот, сопретходно пријавување преку интернет страницата на компанијата -  http://www.usje.com.mk/vest119mk.html

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ