26 Април, 2024
0.0271

Отворен новиот комплекс Алка за уживање надвор од градот

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Скопје, вчера, доби уште едно ново место за уживање надвор од градскaтa срединa.

Со свеченост, коктел и огномет, во присуство на многу познати личности и амбасадори во Македонија блесна новиот комплекс АЛКА.

Комплексот АЛКА се наоѓа на само 12км одцентарот на Скопје, под падините на Водно, во мирното и чисто Сопиште. Се простира на 2.700 метри квадратни и нуди многу содржини базен со морска вода, детски базен со игротека, вип бар, ресторан, коктел бар и бар на базен.

АЛКА е инвестиција на Бобан Ангеловски, угостител и бизнисмен, повратник од Холандија, кој зад себе ги има успешните приказни на ресторанот Гурмет и ланецот ресторани за пица Доминос.

„Идејата беше да направиме концепт во кој ќе се пронајдат многу луѓе кои сакаат место каде можат да уживаат во убав амбиент со своето семејство, со и без деца, со своите деловни партнери и пријатели и притоа, да се чувствуваат навистина комотно во секоја прилика. Воедно, сакавме да понудиме и квалитетна опција на викенд место надвор од градот“ – вели Бобан Ангеловски, сопственик на АЛКА Комплекс.

Комплексот ќе нуди уживање за целото семејство. Затоа што, содржи два засебни дела, еден за родителите и еден за децата. Родителите може да се релаксираат додека нивните деца ги чува и анимира посебено задолжен персонал.

Во иднина, планирано е за посетителите на комплексот да има организиран превоз, доколку не се во можност да дојдат со сопствено возило.

Веќе од денес Алка е отворена за сите посетители.


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“