30 Април, 2024
0.0256

Отворен повик за стипендии на Македонија2025 Програмата за извршно образование во Канада

Објавено во: Мои пари 03 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Македонија2025 објавува отворен повик за четири стипендии за Програма за извршно образование во Канада, која нуди програми за лидерство и стратегиско извршување во соработка со Смит Бизнис школата на Квинс Универзитетот во Кингстон, (Smith School of Business, Queen's University in Kingston), во Канада. 

Програмата е наменета за македонски бизнис професионалци и нуди целосно искуство во Северна Америка преку пристап до врвни курсеви за извршно образование и со можност за практично вклучување во компании во Канада.

Целта на програмата е активно и континуирано да поддржува талентирани бизнис лидери во земјата да го остварат својот целосен личен, професионален и лидерски потенцијал, зголемувајќи ги нивните компетенции и перформанси во динамичната глобална деловна средина. 

Критериумите за апликација вклучуваат најмалку 5 години релевантно искуство во менаџерска позиција, волја за враќање на заедницата преку менторство на помлади професионалци, можност за ширење на компанијата и споделување на знаењето во рамките на компанијата, извонредно владеење на англискиот јазик и способност за адаптација на работа со меѓународни тимови.

Структурата на програмата вклучува учество во еден модул за извршно образование, односно напредни курсеви во областите на лидерство или стратегиско извршување, со цел да ги засили лидерските способности или стратегиската ефикасност на учесниците. Потенцијално нуди и стажирање или пракса во компанија во Канада, прилагодено согласно индустрија и професионално искуство на самиот кандидат, како и уникатна можност за вмрежење која може да им помогне на компаниите ориентирани кон извоз да ги промовираат своите производи и услуги на глобалните пазари.

Повикот за апликации е отворен до 20 април 2024 година (23:59).

За повеќе информации и детали за програмата и процесот на аплицирање, посетете ја нашата веб-страна:

https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships-for-executive-education-program-in-canada-2024/ 

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024