20 Септември, 2019
0.0183

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ФАКТОР Stelios Kehaghias Директор за тренинг и развој/индустриски врски на Универзитетот Шефилд

ОТВОРЕНА ИНОВАЦИЈА: Одлична можност за МСП да развијат конкурентна предност

Објавено во: Колумни 03 Април, 2019

Малите и средните претпријатија низ целиот свет постојано се соочуваат со сериозни предизвици коишто се поврзани со ограничени финансиски ресурси. Ова ограничување има штетен ефект врз иновативниот капацитет, бидејќи буџетот за развој на нов производ или услуга е ограничен, што претставува значајна бариера за растот.

Отворената иновација се однесува на иновативните процеси во кои фирмите интензивно комуницираат со нивната околина, што доведува до истражување и експлоатација на значителни количини на надворешното знаење. Влезната отворена иновација вклучува истражување на екстерното знаење. На пример, фармацевтските фирми можат да стекнат нови технологии од надворешни партнери, како што се биотехнолошките фирми, додека искористувањето на екстерното знаење се однесува на комерцијализацијата на технолошките знаења (IP). На пример, компанијата може да ја лиценцира својата IP на надворешни субјекти.

За МСП отворената иновација обезбедува значајни можности во контекст на истражување на екстерното знаење. Надворешните соработници, како што се клиенти, академски институции, деловни партнери, добавувачи и дистрибутери, стануваат инструментални учесници во процесот на развој на нов производ/ услуга. Компаниите кои систематски се ангажираат со Отворената иновација вообичаено имаат импресивни резултати во успешноста на развојот на нови производи. Ова може да се смета за природен исход, бидејќи често е случај кога „потрошувачите иновираат за потрошувачите".

Малите и средни претпријатија преку отворени иновации имаат пристап до огромен број идеи и ова може да има значително влијание врз одржливата конкурентска предност, бидејќи тие можат да ја променат својата стратешка позиција и да станат „предизвикувачи“ наместо да бидат „следбеници“.

Зошто компаниите треба да се вклучат во Отворена иновација?

• Идеи се појавуваат во сите видови различни компании, поединци, а не само во големи истражувачки лаборатории

• Компаниите можат да пристапат до голем број таленти

• Структура на пониски трошоци

• Фиксните трошоци стануваат варијабилни трошоци

Прифаќањето на пристапот со отворени иновации обично вклучува промена на деловниот модел, како и повторна проценка на процесите, организациската структура и стимулацијата.

Компанија која одлучува да се вклучи во отворени иновации има повеќе алтернативи за соработка кои вклучуваат:

  • Иновациски центар - компанијата објавува проблем/ предизвик и учесниците може да предложат решенија. Постојат голем број генерички и индустриски фокусирани иновативни центри како што се Innocentive.com, Ninesigma.com, yet2.com и yourencore.com;
  • Заедница на иновации - каде учесниците предлагаат проблеми и нудат решенија (како што е Linux);
  • Елитен круг - се состои од ограничен број учесници каде компанијата го контролира процесот на иновација;
  • Конзорциум - група компании учесници кои заеднички работат на процесот на иновации.

Критичен избор се однесува на видот на соработката и пристапите за привлекување и задржување на учесниците преку соодветна стимулација.

За да се постигнат потенцијалните придобивки од отворањето на иновативните процеси, менаџерите мора да ја признаат потребата за развој на организациски способности за успешно управување со отворени иновации.

Со оглед на тоа што потребите и барањата на потрошувачите брзо се развиваат, традиционалната, затворена иновативна парадигма, којашто генерира нови идеи само внатрешно, е неефикасна и нефлексибилна при брзо менување на околината.

Отворените иновации и повремено хибриден пристап со затворени иновации е иднината која компаниите не смеат да си дозволат да ја занемарат.




Можеби ќе ве интересира

Нешто важно недостига во предлогот за оданочување на моторни возила

Нешто важно недостига во предлогот за оданочување на моторни возила

Какви последици остава перењето пари врз националната економија

Какви последици остава перењето пари врз националната економија

Чичко пушти летки

Чичко пушти летки

СЈО УМРЕ, МАГАРЕТО ( ПРАВДАТА) СЕ МАЧИ НА ЗЕЛЕНАТА МАСА

СЈО УМРЕ, МАГАРЕТО ( ПРАВДАТА) СЕ МАЧИ НА ЗЕЛЕНАТА МАСА

Се подготвува сечење на „Доњецкиот јазол“

Се подготвува сечење на „Доњецкиот јазол“

Дали регионалните разлики ги „јадат“ ефектите на минималната плата

Дали регионалните разлики ги „јадат“ ефектите на минималната плата