09 Мај, 2024
0.0360

Ова мора да го знаете пред да се вратите на работа по празниците

Објавено во: Стил 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Нова година и Божиќ поминаа и слободните денови завршија. 

Истражувањата покажуваат дека луѓето при крај на одморот размислуваат за враќањето на работа, при што се демотивирани. 

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат на работа да се вратите свежи и мотивирани.

За почеток не ги читајте мејлови по редослед

По празниците, вашиот мејл сигурно е затрупан со пораки. Немојте да ги читате по датум, туку по името на испраќачот и содржината. 

Завршете ги прво приоритетните задачи 

Потсетете се што работевте пред празниците и кои обврски се недовршени. Направете листа на приоритети и на неа задржете се. 

Напуштете го работното место навреме 

Ако сте биле на одмор, немојте да се задржувате прекувремено на работа. Не дозволувајте првите денови по празниците да бидете под стрес. 

Не работете повеќе задачи истовремено 

Немојте ова да ви стане навика, затоа што ќе бидете под голем притисок. 

Детално испланирајте ја првата работна недела 

Оттргнете се од лошо расположение и посветете се на новите предизвици.