„ОВА САМО НА МЕРКО МОЖЕ ДА МУ ТЕКНЕ“ - нова велосипедска патека низ Струга бранува на социјалните мрежи
Објавено во: Македонија 24 Март, 2024
„Ова само на Мерко може да му текне...“
Со овие зборови се шерува фотографија од Стуга во која се гледа дека на велосипедска патека е забрането возење автомобили, ама и велосипеди.
Граѓаните збунети и иновативни, па по социјалните мрежи на големо ја споделуваат фотографијата од центарот на градот со интресен коментар.
- Ова само на Мерко може да му текне... Во Струга се направи велосипедска патека !!!
Патеката не смее да се користи за велосипеди и за автомобили - стои во објавата на Фејсбук.
Еве ја објавата:
Граѓаните масовно коментираат на фотографијата, а меѓу нив има и такви кои појаснуваат дека градоначалникот на Струга и администрацијата која ги поставила занците со нив означува мотори и автомобили, а не велосипеди.
Фото: Принтскрин/Фејсбук