08 Мај, 2024
0.0232

Ова се градовите во светот со најкраток работен ден

Објавено во: Стил 16 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во повеќето градови во светот се следи стандард за 8-часовен работен ден. Сепак на некои места има разлики и тоа не само во работното време, а и во деновите на платено отсуство во година. Неодамна UBS објави извештај за вработување и приход во 71 држави. Видете кои, според податоците, се градовите во кои се работи најмалку на ден:

Париз Изненадувачки, но факт -во Париз има најлесен работен распоред во светот. Граѓаните на француската престолнина работат само 1 604 годишно. Ако сте љубители на паузите, дефинитивно треба да си побарате работа таму каде што луѓето работат во просек 35 часа неделно и имаат 29 дена платено отсуство. Франција воведе 35-часовна работна недела пред 15 години, за да ги натера фирмите да вработуваат повеќе луѓе. За споредба, најмногу работат во Хонг Конг, каде што луѓето се на работа во просек 2 606 часа годишно, или 50 часа неделно. Лион Друг француски град го зазема второто место во рангирањето со просек 1 631 работни часа годишно. И тука платено отсуство е 29 дена. Москва Заборавете за момент за политиката. Вработените во руската престолнина ги имаат едни од ретките работни часови во светот. Платено отсуство е 31 дена годишно, а работните часови се 1 647 годишно. Хелсинки За барателите на кратки работни недели и поголема политичка стабилност финската престолнина е вистинската дестинација. Просечно луѓето таму работат 1 659 часа годишно и уживаат 29 дена платено отсуство. Според друго рангирање на Светскиот економски форум Финска е најдобро место во светот за подготовка и обука на работната сила. Виена Австриската престолнина со население едвај 1,8 милиони луѓе, исто така има доста либерален работен режим. Просечно годишно луѓето таму работат 1 678 часа, а 27 дена во годината се во платено отсуство. Градот исто така е познат по добриот животен стандард, солидна инфраструктура и стабилен здравствен систем. Милано Светската модна престолнина нуди добра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот со просек 1 691 работни часа годишно.