Ова се Косовците кои ќе одговараат за воени злосторства...
Објавено во: Балкан 25 Декември, 2017
Над 60 поранешни лидери и припадници на Ослободителната војска на Косово, се опфатени со обвиненија од Специјалното обвинителство за извршени дела кон крајот на 2000 година.
Меѓу првите обвинети ќе бидат Азем Сила, Даут Харадинај, Шукри Буја, Сокол Добруна, пишува приштинскиот портал „Инсајдери“. Меѓу оние против кои веројатно ќе биде покренато обвинение е и косовскиот претседател Хашим Тачи, како и претседателот на парламентот, Кадри Весели. Против нив, како и за други денешни водечки политичари, постои сомнение за извршени воени злосторства против Срби за време на војната во крајот на 90-те години.Тие ќе одговараат пред новиот Меѓународен суд во Ден Хаг за воени злосторства.
Се очекува првото обвинение да биде објавено по 17 февруари следната година, односно по десет годишнината од прогласувањето на независноста на Косово.