03 Мај, 2024
0.0264

Ова се најотровните намирници кои ги купуваме од маркетите

Објавено во: Стил 19 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Иако многумина не посветуваат премногу внимание на тоа што пишува на налепниците на храната која ја купуваат, артиклите во продавницата не се воопшто наивни како што изгледаат. Ова се намирниците кои треба сите да ги избегнуваме, а еве и зошто:

Паштети

Паштетите спаѓаат во групата на производи со најлош квалитет. За нив вогласвно се користи месо од најлоша категорија, бидејќи е најефтино. Околу 50 одсто од паштетата ја сочинува се она што не е месо: вода, масотии, кожички, скроб, зачини, сол, остатоци ...

Во нив оди голема количина сол, која не се чуствува толку во вкусот, бидејќи се додава декстроза која го маскира вкусот на соленоста. Во посебна категорија спаѓаат таканаречените вегетаријански паштети од соја, печурки, домати ... Тие се полни со билно масло и процентот на маснотии е поголем отколку кај обичните.

Маргарин

Маргаринот е хидрогенизирано билно масло, најчесто сончогледово или пченкарно. Процесот на хидоргенизација подразбира претварање на маста од течна во чврста, а во маргаринот по закон мора да се додаваат витамини А, Д и Е како целиот состав би бил сличен на путер.

Во процесот на производство на маргаринот настануваат транс масти , за кои е докажано дека влијаат на зголемување на лошиот холестерол ЛДЛ и намалување на добриот ХДЛ. Конзумирањето на маргарин поради тоа е поврзано со поголем ризик од заболувања на кардиоваскуларни болести.

Мајонез 

Околу 75 одсто од мајонезот го сочинува сончогледово масло . 100 грама мајонез има повеќе калории отколку 100 грама сланина, со тоа што во сланината ќе најдете нешто протеини и значајна количина витамини.

Лајт мајонезите имаат помалку масти, но и понатаму немаат никакви нутиртивни вредности. Мајонезот со маслиното масло има до 15 одсто маслиново масло, а остатокот е сончогледово или пченкарно масло.

Топено сирење

Во топеното сирење има околу 50 отсто сирење, а останатото е вода, протеини, маснотии, разни додатоци, сол , кои во топеното сирење имаат отприлика два пати повеќе отколку во обичното сирење.

Со процесот на топење се убиваат сите пробиотски и други бактерии кои имаат позитивно влијание на нашиот дигестивен тракт. Накратко, топеното сирење е далеку покалорично од обичното.

Замена за чоколада

Чоколадата е сјајна намирница, бидејќи содржи какао кое содржи антиокисанси. Тие го забавуваат стареењето на ќелиите и фитонутритиентите кои може да го зголемат дотокот на крв во мозокот, ги штитат крвните садови, го поправаат расположението и концентацјата. Со закон е регулирано дека производите кои немаат доволно какао, не можат да бидат декларирани како чоколада туку како какао табла, шеќерна табла, замена за чоколада и слично.

Во нив има повеќе шеќер , а наместо какао путер воглавно се користат хидрогенизирани билни масти или палмино масло. Иако вистинската чоколада има околу 50 одсто шеќери, поради високиот удел на масти не предизвикува брза инсулинска реакција во организмот. Внесот на шеќер треба да се ограничи и препораката е да конзумирате чоколада со висок удел на какао.

Енергетски пијалоци

Содржат стимуланси како што се кофеин, таурин и преку 10 одсто шеќер, освен ако не се во диетални верзии. Во овие производи има значајно повеќе кофеин отколку во кафето. Стимулансите го зголемуваат крвниот притисок, ја забрзуваат работата на срцето, влијаат на квалитетот на сонот и го дехидрираат организмот.

Комбинацијата со алкохол е опасна, бидејќи енергетските пијалоци дејствуваат како стимуланс, а алкохолот како депресант. Стимулативните ефекти од енергетските пијалоци ја оневозможуваат проценката колку алкохол навистина сте испиле и како тоа влијае на вас.

Производи од соја

Сојата содржи доста антинутриенти како што е фитинската киселина, која оневозможува ефикасно усвојување на минералите како железо, цинк и магнезиум. Иако сојата има доста протеини, исто така содржи инхибитор за метаболимот протеин. Ако не се добро обработени, сојните протеини нашиот организам не успева целосно да ги искористи.

Производите од соја посебно би требало да ги избегнуваат мажите, бидејќи постојат индиции дека фитохормоните од сојата може да го намалат производството на тестостерони и да го зголемат производството на некои други хормони карактеристични за жените.

(Net.hr)