08 Мај, 2024
0.0231

Ова се најубавите клисури на светот

Објавено во: Стил 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Сајтот Virtual turist објави листа на најубави клисури во светот. 

Најубава е Сакликент кањон во Турција. Таа се наоѓа на 50 км од градот Фетије. 

Кањонот е долг 18 км, а на некои места длабочината е до 300 м што ја прави и најдлабока клисура во светот. За туристите важно е да се каже дека кањонот е отворен само во лето. 

Втора е клисурата Ханкок во Караџини во Западна Австралија. 

Има преубави карпи и е убава за фотографирање. 

Зад нив е Аузибл во САД, а четврта е клисурата Ѓердап во Србија. 

Понатаму листата се дополнува со клисури кои се наоѓаат во Франција, Кина, Јапонија, Шпанија и Словенија.