ОВА СЕ СЛУЧИ ВО СОСЕДСТВОТО: Најде 40.000 евра и ги врати
Објавено во: Балкан 12 Март, 2018
Синиша Дабиќ, вработен на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, пронашол изгубени 40.000 евра и ги вратил на сопственикот.
Тој црната торба ја нашол на паркингот, ја отворил и внатре имало лаптоп компјутер и полн паричник. Чесниот пронаоѓач за своето дело не сакал никаква награда.
„Го запознав човекот, дојде по половина час и целиот беше среќен. Со години работел во Норвешка, дошол со парите и ги загубил. Кога ги изброи парите и се увери дека сѐ е на место, ми даде 50 евра. Јас не сакав да ги земам, тој инсистираше, па тогаш ги зедов и ги почестив колегите“ - изјави Дабиќ.
Неговите колеги пак, велат дека тој е примерен работник.