04 Мај, 2024
0.0247

ОВА ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕТЕ: Како да подготвите лековита вода со мед!

Објавено во: Стил 27 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

На сите ни се познати корисните особини на медот, но малкумина знаат за користа на водата со мед или медената вода.

Уште во дамнешни времиња е употребувана за ослободувње од различни болести и во козметички цели. Едноставно ја користеле како вкусен „жив“ пијалок на сите слави.

Се што треба да направите е да измешате една лажичка мед со чаша млака вода. Добиваме 30% раствор на медот, кој по составот е идентичен на крвната плазма. Медот во сировата вода формира соединение, кое ги зголемува нејзините лековити својства, што е и научно докажано. Медената вода целосно се апсорбира во организмот.

ЗОШТО Е ЛЕКОВИТЕ МЕДЕНАТА ВОДА?

-Го нормализира варењето, го решава проблемот со „мрзливите црева“

-Го зајакнува имунолошкиот систем и одлична е во борбата со бронхитис, лечи настинка, го извлекува шлајмот од белите дробови на природен начин.

-Го чисти дигестивниот тракт од паразити. Го ослободува телото од отровите.

-Темелното прочистување на вашето тело започнува- затоа што има антибактериски и антивирусни својства.

-Ја подобрува работата на дебелото црево и ги уништува микорорганизмите.

Може да помогне и при неконтролираното вечерно уринирање.

КАКО ДА ЈА ПИЕТЕ ОВАА ВОДА СО МЕД?

Оваа медена вода поради превентивни цели  пијте ја наутро на празен стомак. Треба да ја пиете брзо брзо.  Стомакот се отвара како вентил и водата брзо влегува во дигестивниот тракт.

Може да ја употребувате и во текот на ноќта, односно пред спиење= затоа што ја олеснува работата на бубрезите.

Од друга страна овој напиток ќе ја направи посјајна и помазна вашата кожа.