Оваа балканска дестинација е една од најскапите во Европа
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2017
Засега Хрватска е една од најскапите дестинации во Европа, а се споменува и како место каде немало напади.
Како што пишува Јутарњи лист, на Хрватска конкуренција со цените можат ѝ да бидат две земји и тоа Шпанија и Португалија.
За недела дена одмор во Хрватска според чешкиот пазар, потребни се од 800 до 900 евра.
Поевтино е да се одмара во Хрватска во септември, а како алтернатива Чесите одат во Грција или Малта каде одморот ги чини од 620 до 700 евра.
За Словаците Хрватска е скапа и пресметано е дека со 450 евра можат да летуваат во Турција.
Сепак, Хрватска е поевтина од Франција и Италија.