Оваа фотографија е забранета во Русија, на неа е Путин
Објавено во: Свет 07 Април, 2017
Русија ја забрани фотографијата на која претседателот, Владимир Путин е претставен како кловн или најверојатно хомосексуалец.
Откако е повлечена оваа фотографија, руските медиуми имаат проблем да објаснат за која фотографија се работи и опишуваат дека е тоа фотографија на која Путин е нашминкан.
Кремљ тврди дека Путин вешто ги игнорира сите вулгарности на негова сметка.
Но, Кремљ исто така контролира што луѓето на интернет пишуваат едни на други.
Во 2013 година Русија донесе закон за екстремизам на интернет, односно тоа се случи година дена откако Путин повторно стана претседател.
По една година е воведена казна затвор за луѓето кои ставаат лајк на забранети постови.