Оваа одлука на Шкотска може да ја дотолчи Британија
Објавено во: Свет 24 Февруари, 2017
Шкотската влада стекнува храброст и може да одржи нов референдум за независност следната година, тврдат извори на EurActiv. Причината за нов плебисцит, природно е Брегзит. За време на истражувањето во Обединетото Кралство дали Велика Британија ќе остане во ЕУ, Шкотите гласаа масовно „за“.
„Верувам дека Владата размислува многу сериозно за нов референдум. Почнува да преовладува мислењето дека е можно тој да биде успешен и да се надминат стравувањата од гледна точка на економијата, кои влијаеле за „не„ претходниот пат“, коментира Чарлс Грант, советник во Советот за прашањата во шкотската влада.
Само пред два дена британскиот секретар за шкотските прашања Дејвид Мандел изјави пред шкотскиот парламент дека Шкотска ќе треба да излезе од ЕУ без разлика дали ќе стане посебна држава или не.
Британската влада продолжува да ја брани позицијата дека вториот референдум за независност на Шкотска е непотребен. Во 2014 година беше спроведена анкета и тогаш одговорот „не“ победи со околу 10% разлика.