06 Мај, 2024
0.0240

ТАЈНАТА НА МЕНТАЛНАТА СИЛА КОЈА ЈА НОСАТ ЛУЃЕТО ОД СЕВЕРОТ

ОВДЕ СОНЦЕТО НЕ ИЗЛЕГУВА ДВА МЕСЕЦИ: Како Норвежаните и пркосат на зимата, и пак се среќни?

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во гардчето Тромсо, во Норвешка, сонцето не излегува два месеци годишно...а сепак, неговите жители имаат многу нешта на кои им се радуваат.

Стандфордската научничка отишла на северот од Норвешка да ги проучува реакциите на луѓето во зима. Била изненадена од она што го пронашла.

Дојде зима. Деновите се пократки. Често е тмурно, а студениот ветер често дува, зимата се вовлекува во коски. Во зима не ви се станува од кревет, немате доволно енергија, сакате летото да дојде што порано?

Научничката од Универзитетот Станфорд Кари Леибовиц се обидела да открие како оние кои живеат во Тромсо, Норвешка, и се прилагодуваат на зимата. Овој град е на островот каде што сонцето не излегува два месеци во годината. И покрај тоа, 70 000 луѓе живеат овде.

А еве што е чудно во сето тоа: Не изгледа дека се несреќни. Дури, Норвежаните како да напредуваат во својот тој „мрак“. Леибовиц заклучува: тоа е поради нивниот начин на размислување.

Тие не ја сметаат зимата за депресивна, туку и се радуваат. На пример, поради скијањето. И уште нешто што го поврзуваат со радувањето: коселиг. Тоа е претстава за мазење под топло ќебе и чуство на удобност. Тоа е позитивно чуство, зошто да не му се радуваме на тоа?

Леибовиц одлучила да направи скала на зимски начин на размислување, како би измерила колку се силни и позитивни жителите на градот Тромсо. Напишала: „Резултатот на нашето истражување во Норвешка откри дека позитивниот зимски начин на размислување е поврзан со поголемо задоволство на животот, подготвеност да им се посветат на предизвиците кои доведуваат до личен напредок и позитивни емоции“.

Што е тоа што Норвежаните го имаат, со кои трикови се служат и му пркосат на цел свет? Дискусијата за начинот на размислување најчесто се фокусира на одредно ниво ментална дисциплина и сила.

Меѓутоа, како што тврди научничката, Норвешка е една од најнапредните земји а градот Тромсо е место на индустријата како што е ИТ и масло. Таа на крај се прашува дали ваквото релативно богатство на жителите има и најмало влијание врз нивната ментална сила и општо добра состојба? Што мислите вие? Дали тоа е до зимата, до нас или до општиот просперитет на земјата?

Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук