Овие земји на село имаат најмногу невработени
Објавено во: Свет 17 Април, 2017
Хрватска има висока стапка на невработеност на село.
Сиромаштија во руралните средини има во Романија и Бугарија, Грција и Летонија, а најмалку сиромашни на село има во Австрија, Холандија и Луксембург.
Ова го покажуваат податоците на ЕУРОСТАТ.
Во седум земји на ЕУ ризикот од сиромаштија е поголем во градовите отколку во селата и тоа во Австрија, Данска, Белгија, Британија, Германија, Франција и Холандија.
Ризик од сиромаштија има и во градовите во Италија.
Во далеку подобра положба се луѓето кои живеат во градовите во Чешка, Финска, Словачка и Луксембург.