08 Мај, 2024
0.0255

Овој град е омилена европска дестинација

Објавено во: Стил 06 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Читателите на магазинот "Condé Nast Traveler“ ја избраа Виена за најдобра европска дестинација. 

Гласале 300.000 љубители на патувањата за да се дојде до изборот на Виена како топ дестинација. 

Ова е најголем број на учесници во изборот иако 30 години се доделува наградата. 

Виена е на прво место поради богатата култура, архитектура, а придонес даде и кулинарството. 

На второ место е Фиренца, а на трето Бриж. 

Покрај европска, има и светска топ листа, на која победи Токио, а Виена е втора дестинација.