Овој град „преминува“ на електрично такси
Објавено во: Свет 01 Март, 2017
Поради загадувањето на воздухот град во Кина „преминува“ на електрично такси.
Оваа пракса ќе ја воведе Пекинг. Околу 70.000 постоечки возила ќе бидат заменети со електрично такси.
Овој проект ќе чини 1.3 милијарди долари.
На кинескиот пазар бензинските возила чинат 10.000 долари, а електричните 20.000 долари.
Но, Пекинг ќе мора да совлада уште еден проблем со воведувањето на електричните возила, а тоа е места каде овие возила ќе се полнат.