ПАДНАА ЦЕНИТЕ НА „ЦРНОТО ЗЛАТО“: Што го предизвика стрмоглавиот пад на нафтата?
Објавено во: Економија 16 Август, 2019
Цените на нафтата денес паднале за три отсто под 58 долари за барел, под притисок на загриженост поради можноста за рецесија и изненадувачки скок на американските залихи.
Нафтата од типот „брент“ поевтинила за 1,81 долар или три отсто на 57,67 долари за барел, додека цената на лесната нафта WTI паднала за 77 центи на 54,46 долари, пренесе Ројтерс.
Цената на брентот и понатаму е во добвика од 10 отсто во оваа година благодарение на кратењата во производството кои ги спроведе ОПЕК и нејзините сојузници како Русија.