„Паднаа“ првите жртви на топлотниот бран во Европа
Објавено во: Свет 26 Јуни, 2019
Тројца луѓе починаа во Франција од ладен шок откако по сончање на плажа влегле во вода.
Во Шпанија и Франција денеска се очекуваат температури над 40 степени.
Во петок се очекува температурите да кулминираат.
Во пет северни покраини на Шпанија денеска на сила беше портокалов метео аларм.
Во долината на реката Ебро имаше температури од 42 степени.
Утре за десет покраини има портокалов метео аларм.
Ова ќе биде „пеколна недела“ во Европа.