18 Мај, 2024
0.0317

Паѓаат цените на бензините, еве по колку пари ќе се точат

Објавено во: Македонија 09 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,42 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 02 март годинава.

Од вечерва на полноќ 00:01 часот на 10.03.2020 година, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2 денари за литар и ќе изнесуваат 62 денари за литар за ЕУРОСУПЕР БС-95 и  64 денари за лиртар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажните цени наЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 1,50денари за литари ќе изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и 43,50 ден/лит за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 ден/кг и ќе изнесува 28,895 ден/кг.

Од вечерва на полноќ 00:01 часотна10.03.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95    62,00(денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98    64,00(денари/литар)

Дизел гориво    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  54,50(денари/литар)

Масло за горење    Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  43,50(денари/литар)

Мазут М-1 НС    28,895(денари/килограм)

„Клучните фактори што влијаатна крајната ценасогласно Методологијата за формирањена цените е курсот на денарот во однос на долароти референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалувањеи тоакај бензинот во просек за околу 6,30%, кај дизелот намалување е во просек за околу 3,24%, кај екстра лесното масло има намалувањево просек за околу 3,55% мазутот е намаленво просек за околу 4,23%. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за 2%. Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри иизвршено есоодветно прилагодување.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на10.03.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторна.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8