03 Мај, 2024
0.0265

„Паметна“ и „Хидропонична градина“ – претставени проектите на кумановски ученици поддржани од ФИТР

Објавено во: Мои пари 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Учениците од основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово оддржаа презентација на проектите „Хидропонична градина“ и „Паметна градина“ кои се поддржани од Фонд за иновации и технолошки развој во рамките на програмите за млади - „Предизвик за млади истражувачи 1“ и АПШИФТ, која се имплементира во соработка со УНИЦЕФ и СИД Хаб.

Проектот „Хидропонична градина“ работи на  безпочвено одгледување на растенија, со збогатена вода со хранливи материи и има за цел да обезбеди производство на поздрави растенија и нивен побрз раст, доека проектот „Паметна градина“ нуди одгледување на растенијата со примена на паметна технологија и сензори што треба да придонесе кон поефикасно производство и генерирање профит кој би се вложил во пошироката заедница.

“Навистина импресионира ова што го видовме овде, како и овие млади луѓе кои ја заслужуваат нашата поддршка. Нивните резултати се уште еден доказ и аргумент повеќе за нас да се бориме да обезбедиме што повеќе средства токму за овие деца. Нашата порака е дека стоиме зад нив, и Фондот, и Владата, и општината - и ќе ги поддржуваме нивните иницијативи. Целта е да се развие критичкото и креативното размислување во оваа фаза, а понатаму да зборуваме за формирање на сопствени бизниси. Клучната цел е овие млади луѓе да ја препознаат Македонија како место за живеење, а не да заминуваат. Да сфатат дека оваа држава и ова општество сега веќе нуди можности за сите нивни идеи и проекти за подобар живот токму тука,“ изјави Јован Деспотовски директор на ФИТР.

Тој доде дека ова се едни од најдобро вложените средства и најави нови програми за поддршка на младите меѓу кои и концептот  „Фонд за млади умови“ на ФИТР кој треба да опфати спојување на веќе постоечки успешни иницијативи, како и да понуди нови мерки на поддршка за поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемништвото кај младите и унапредување на талентите кај децата.

Директорот на училиштетот „Крсте Мисирков“, Александар Јовановиќ нагласи дека успешноста на ваквите проекти се должи исклучиво на добрата тимска работа и истакна дека е гордост да се има вакви креативни и иновативни ученици и наставници кои иницираат и работат на реализација на научно-истражувачки и иновативни проекти. На овие проекти работат 20 деца под менторство на професорите, Емилија Поп Глигорова и Бобан Поповски.

Училиштето „Крсте Мисирков“ од Куманово е едно од 54 основни и средни училишта кои реализират проекти за истражување подржани од ФИТР. Само во изминатите 18 месеци Фондот вложи над 16 милиони денари во различни програми  и иницијативи наменети за поддршка на младите, во кои се вклучени над 500 деца.

Третиот по ред повик за „Предизвик за млади истражувачи“ е планирано да се распише следната година, додека за програмата за социјално претприемништво UPSHIFT, во тек е периодот на аплицирање.


Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија