Папата Франциско одобри простување на абортусот и по „Светата година“
Објавено во: Свет 21 Ноември, 2016
Папата Франциско продолжува со својата реформистичка политика прифаќајќи голем број на промени кои се во полза на човековите права, без притоа да се нарушат принципите на Католичката црква. Тоа што одамна се сметаше за голем грев сега може да се прости, односно на свештениците им е дадена дозвола на неодредено време да ги искупат жените кои направиле абортус.
Пред една година папата го изненади светот кога на свештениците им дозволи да дозволуват простување на абортусот во траење на Светата година, од 8-ми декември минатата година до 20-ти ноември оваа година, а сега оваа дозвола ја продолжи на неограничено.
„Сакам уште еднаш јасно и непоколебливо да нагласам дека абортусот е тежок грев, бидејќи со тоа се завршува еден невин живот. Сепак, мора да нагласам дека не постои грев кој не може да биде простен кога ќе се наиде на срце кое вистински се кае и е подготвено за помирување со Бога“, се наведува во писмото на Папата.