Парис Хилтон со поддршка на Иванка Трамп, дипломатите се бесни
Објавено во: Свет 20 Ноември, 2016
Парис Хилтон и изрази целосна поддршка на Иванка Трамп доколку се реши за позиција во Белата куќа, без оглед што дипломатите во Вашингтон се бесни што ќерката на Доналд Трамп беше присутна на средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе иако нема никаква официјална функција. Парис Хилтон посочи дека ја познава Иванка и нејзиното семејство уште од детството и дека таа е прекрасна и силна жена која е способна за предизвикот.
Иванка отсекогаш давала впечаток на пристојна жена која и покрај богатството не се вмешува во скандали и секогаш е на располагање на семејната компанија вредна десетина милијарди долари.
Од друга страна пак, разгалената Хилтонка ги полнеше таблоидите со порно снимки, шокантни појавувања и живот исполнет со пороци, но сега тоа е зад неа со голем број на успешни бизниси во светот на модата и забавната индустрија.