02 Мај, 2024
0.0261

Парното денеска поскапува за 15 отсто?

Објавено во: Економија 29 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Регулаторна комисија за енергетика денеска треба да донесе одлука за поскапување на парно-греењето за 60.000 домаќинства во Скопје за 15 отсто од 1 август 2022 според тарифниот систем кој бил прифатен вчера на подготвителната седница. Останува да се види дали денеска официјално ќе има некакви промени и евентуално дали државата, со оглед на тоа дека ќе ја превземе работата на БЕГ преку АД ЕСМ, ќе субвенционира нешто од трошоците.

На вчерашната подготвителна седница, според она што е објавено на интернет страницата на РКЕ, прифатено е снабдувањето со топлинска енергија за домаќинствата по 2,7795 денари од киловатчас на мерно место. Тоа е за 15 проценти повеќе од последната одлука пред половина година кога тогашната нова цена беше дефинирана на 2,4174 денари по киловатчас.

За 15 отсто се зголемува цената и за претпријатијата, односно за категоријата останати, и за училиштата, кои и онака до сега плаќаа двојно поскапо од домаќинствата. За нив цената се зголемува од 4,5931 на 5,2810 денари по киловатчас на мерно место.

Цената е донесена според годишниот план на БЕГ, иако на ова претпријатие веќе му се одземени трите лиценци за работа. Владата на 20 јули усвоила заклучоци со кои се препорачува на Регулаторната комисија за енергетика да го применува Правилникот за  регулираниот максимален приход и тарифа се до денот на влегување во сила на одлуката за издавање на лиценцата за вршење на енергетска дејност снабдување на топлинска енергија на новиот оператор на услугата

РКЕ прогнозира дека како гориво за затоплување за период октомври – декември 2022 година ќе се користи природен гас. Просечната прогнозирана цена за набавка на природниот гас изнесува 118,88 денари по нормален метар кубен, односно прогнозираниот трошок за набавка на природниот гас ќе изнесува 948.546.567 денари, или околу 15,5 милиони евра.

Минатата зима, во јануари годинава, владата привремено го презеде управувањето со БЕГ и ја субвенционираше цената на парното за скопјани. За таа намена државата потроши 6 милиони евра. На парно се греат околу 60 илјади семејства. Откако ѝ ја одзеде лиценцата на БЕГ, Владата пред неколку дена го задолжи ЕСМ да основа три фирми за производство, дистрибуција и за снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје за да може да го преземе управувањето со парното. Овие три фирми се задолжени да се јават на повикот за преземање на парното. До изборот на нова фирма, БЕГ има обврска да ги снабдува домовите со топлинска енергија.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?