Добивај вести на Viber
Нивото на корупцијата во Македонија отанува високо, а според податоците во барометаротарот на „Транспаренси интернешанал“ најкорумпирани се политичките партии, судството, јавната адимнистрација и полицијата. Барометарот кој го истражува јавното мислење во делот на корупцијата за 2013 - та покажа дека дури 17 отсто од испитаниците од Македонија дале поткуп. Притоа најмногу се давало мито на полицијата или 19 проценти од испитаниците го потврдиле тоа, потоа во судството со 16 проценти и здравството со 13 проценти.
Годинашната бројка од 17 проценти бележи извесно намалување во однос на претходниот барометар направен во 2010 година, но како што посочуваат експертите корупцијата сеуште останува силно застапена во земјава.
Во однос на перцепцијата за корумпираноста, македонските граѓани веруваат дека најкорумпирана институција во земјава се партиите, потоа судството, јавната администрација, полицијата, парламентот, здравството и медиумите.
Според исказите на испитаниците, тие давале мито бидејќи сметале дака тоа е еднинствен начин за да ја добијат услугата.
Истражувањето за Барометарот на глобалната корупција 2013 на Транспаренси Интернешнал е спроведено на 114.000 граѓани во 107 држави.