22 Август, 2019
0.0311

Партнерот на Програмата за Развој на ОН, Samsung, во поддршка на Глобалните цели

Објавено во: Мои пари 14 Август, 2019

Нова мобилна апликација и специјално издание на додатоци претставени за подигнување на свеста на Целите за одржлив развој

Samsung Electronics Co., Ltd. и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го претставија новото партнерство во поддршка на Целите за одржлив развој (ЦОР), познати како Глобални цели. Глобалните цели се осврнуваат на некои од најголемите предизвици низ целиот свет, вклучувајќи ги и тие поврзани со нееднаквоста, деградацијата на климата и животната средина и едукацијата.

Samsung и УНДП ги спојуваат своите сили за да им овозможат едноставни начини на Galaxy корисниците да се здружат за да ги поддржат Глобалните цели и да се посветат на проблемите кои најмногу им значат. Преку оваа нова иницијатива, Samsung и УНДП ќе ја издадат апликацијата ‘Samsung Глобални цели’, апликација базирана на едукација и донација, заедно со изданија на специјални додатоци[1].

„Сега, повеќе од било кога, ние го имаме потенцијалот да ја искористиме моќта на технологијата за да се посветиме на најголемите проблеми во светот,“ порача DJ Koh, Претседатели CEO of IT & Mobile Communications, Samsung Electronics. „Нашето партнерство со Програма за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе им овозможи на корисниците на Galaxy на лесен, значаен начин да научат за Глобалните цели и да ги поддржат целите кои им се важни на нив за сите заедно да направиме нешто што ќе има влијание.“

Samsung и УНДП веруваат дека клучниот чекор во справување со Глобалните цели е да се зголеми свесноста и разбирањето на предизвиците кои овие цели ги сметаат за значајни и зашто тие се важни. Како додатен чекор, Samsung и УНДП обезбедуваат едноставни начини за луѓето да донираат и да помогнат во справувањето со предизвиците и да ги поттикнат своите делувања кои се потребни за остварување на Глобалните цели.

„Ова партнерство со УНДП и Samsung не само што ќе ја искористи технолошката иновација во остварување на Целите за одржлив развој, туку ќе ја мотивира наредната генерација на глобални граѓани да делуваат и да ги остварат целите заедно,“ вели Achim Steiner, УНДП Администратор. „Само преку наше заедничко делување – приватниот сектор, граѓанското општество и луѓето низ целиот свет – можеме да имаме значајно влијание и да го промениме светот кон подобро.”

‘Samsung Global Goals’ апликацијата, достапна на Samsung Galaxy смартфоните[2], цели кон зголемување на свеста и собирање на средства за УНДП да ја оддржи својата работа низ целиот свет. Додатно, Samsung ќе извади специјално издание на додатоци, од кои ќе се донира дел од приходот од продажбата на секој додаток директно во УНДП за поддршка на Глобалните цели. Маската за Galaxy Note10 со дизајнирана тема на Глобалните цели и безжичниот полнач ќе бидат претставени на самото претставување на уредот.

Новата‘Samsung Global Goals’ апликација ќе им овозможи на корисниците ефективни и лесни начини како да научат повеќе за секоја од 17. Глобални цели и да учествуваат во мали дела за да помогнат во поддршката на темите кои најмногу им значат. Секој може да ја користи апликацијата за да донира директно за Глобалните цели преку УНДП официјалната веб страница. Корисниците на Galaxy можат лесно да донираат за Глобалните цели доколку изберат вклучување во рекламирање во апликацијата. Корисниците на Galaxy ќе може да донираат 100 проценти од приходот кој рекламите на Samsung би го генерирале за Глобалните цели.

Апликацијата ќе биде достапна на 19 јазици3и ќе биде пре-инсталирана на Galaxy Note10,додека за другите смартфони ќе биде достапна подоцна2.Специјалното издание на додатоците ќе биде достапно преку Samsung.com и во одредени продажни места на Samsung Experience во САД и Кореја.

За повеќе информации за Samsung Global Goals, посетете ја https://news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или www.samsung.com/global/galaxy/apps/samsung-global-goals.



[1] Специјалното издание на маски за телефони за Galaxy Note10 и безжични полначи ќе бидат достапни преку Samsung.com и избрани Samsung Experience продавници во САД и Кореја кон крајот на август.

[2] Апликацијата ќе биде пред-достапна на Galaxy Note10и зависно од пазарот ќе биде достапна за симнување на Galaxy S8, Galaxy Note8, Galaxy S9, Galaxy Note9, Galaxy S10 и Galaxy A Серијата освен кај A10, A20, преку Galaxy Store и Google Play почнувајќи од 23ти август, 2019.

3 Јазиците вклучуваат арапски, англиски, француски, германски, хиндски, индонезиски, италијански јапонски, корејски, малезиски, мандарински, полски, португалски, руски, шпански, шведски, тајландски, турски и виетнамски.


Можеби ќе ве интересира

Уличниот дефект на ул. Бул.Македонско Косовска Бригада е саниран

Уличниот дефект на ул. Бул.Македонско Косовска Бригада е саниран

Нема вода во дел од Визбегово

Нема вода во дел од Визбегово

Дефектот на ул. Октомвриска Револуција е саниран

Дефектот на ул. Октомвриска Револуција е саниран

Западниот Балкан и нецаринските мерки и бариери

Западниот Балкан и нецаринските мерки и бариери

Стипендистите од „Борис Трајковски“ програмата за ЕМБА студии ќе присуствуваат на студиската недела на Универзитетот Шефилд во Велика Британија

Стипендистите од „Борис Трајковски“ програмата за ЕМБА студии ќе присуствуваат на студиската недела на Универзитетот Шефилд во Велика Британија

Саниран дефектот на улица Илија Димовски 7

Саниран дефектот на улица Илија Димовски 7

Договор за двојни дипломи на Универзитетот ФОН и Швајцарскиот Универзитет SWISS UMEF

Договор за двојни дипломи на Универзитетот ФОН и Швајцарскиот Универзитет SWISS UMEF

Уличниот дефект на Бул. Борис Трајковски б.б е саниран

Уличниот дефект на Бул. Борис Трајковски б.б е саниран

ИКТ Комората МАСИТ оствари работна средба со претседателот Пендаровски

ИКТ Комората МАСИТ оствари работна средба со претседателот Пендаровски